Најбогатот човек на светот Безос, не дава пет пари за бездомниците

Компанијата „Амазон“ која е во сопственост на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, се најде на мета на критика поради тоа што прави премногу малку за растечкиот проблем со бездомниците.

Безос исто така се најде на мета на критичарите затоа што до донира во добротворни цели само 0,0906 проценти од своето богатство. Тој заостанува премногу зад останатите американски добротворни богаташи.

Меѓу нив се ѝ сопствениците на „Мајкрософт“, Мелинда и Бил Гејтс, кои издвојуваат 37% од своето богатство и Ворен Бафет, кој издвојува 36% од своето богатство.

Сопственикот на „Фејсбук“ Марк Цукенберг и неговата сопруга Присила Чен даваат само четири проценти од своето богатство, а дури Трамп донирал три проценти од своето богатство, кое е проценето на три милијарди долари, пишува „Неделник“.

Јавните достапни податоци покажуваат дека Безос за добротворни цели издвојувал 145 милиони долари. Безос кој управувал и со компанијата за истражување на вселената „Блу ориџин“, а истовремено е и сопственик на весникот „Вашингтон пост“, по 25 години во брак, објавил на Твитер дека се разведува од сопругата Мекензи.

Поради тоа што немале прдбрачен договор, разводот може да ја направи Мекензи најбогатата жена на светот, само во случај да добие половина од нивното заедничко богатство.

Родителите на Безос ја основале семејната фондација во 2000 година, но до 2017 година, синот Џеф учествувал со само 6 милиони долари. Во компанијата Амазон работниците немаат субвенционирани оброци.

„Амазон“ го криткуваат и во Сиетл каде се наоѓа главната канцеларија, дека малку работи на растечкиот проблем со бездомниците. Се чини дека Безос во последно време настојува да биде дарежлив, па дал само 33 милиони долари во фондот за стипендирање „сонувачи“, како што ги нарекуваат имигрантите без документи, кои имаат законски пречки да почнат со одење во школо. Донирал и 10 милиони долари во групата With Honor, која им помага на ветераните да влезат во политиката, а дал и 100 милиони долари за добротворни здруженија за бездомници.

Го покренал и Bezos Day One Fund, кој осигурува помош за семејствата на бездомниците и отворање на школи во заедници во кои живеат семејства со ниски приходи.

Безос кој има куќа во Сиетл, Тексас и Беверли Хилс, дал иницијално ветување за две милијарди долари за филантропскиот фонд. Иако цената е импресивна, сепак тоа е само 1,2 проценти од проценетата вредност на богатството на Безос.

 

 

 

Scroll to Top