Посна пита со ориз и праз

Потребни состојки:

1 праз
300 грама сварен ориз
сол и бибер
кисела вода
1 пакување кори за пита

Начин на подготовка:

Исечкајте го празот и динстајте го на малку вода. Потоа додајте го сварениот ориз и зачинете. Одвојте една кора, ставете неколку капки кисела вода, па над неа ставете уште една кора. Нанесете од смесата со ориз и праз, свиткајте ја кората и ставете ја во тава за печење. Откако ќе го направите истото со сите кори, прелијте ја питата со кисела вода и оставете ја да се пече 20-тина минути на 200 степени.

Scroll to Top