200гр бисквити
180 гр печени лешници
130гр маргарин
150гр мармалад од кајсии
100гр шеќер
Бисквитите и лешниците се мелат, потоа се додава маргаринот, мармаладот и шеќерот. Се замесува со рака. Од смесата се прават бомбици и се валкаат во мелени ореви или лешници.
Оставете ги еден час во ладилник, а потоа послужете ги.