За време на постите, еве еден едноставен рецепт, кој брзо се прави, а е и многу здарв…
– 200 грама млади коприви
– еден морков
– една главица кромид
– една главица лук
– сол и бибер
– две лажици пченкарно брашно
– масло
– црвена пиперка
Подготовка:
Копривите да се чистат и варат неколку минути, па да се ицедат и ситно исечкаат. Лукот да се исчека, па да се испржи и да се додаде морковот исечкан на кругови, па да се додаде сечканата коприва.
Се да се измеша. Дадете лажица пројно брашно и малку вода. Тавата премачкајте ја и истресете ги копривите и распоредете. Исчистениот сварн компир посолете го и зачинете го по желба, масло, бибер и малку црвена пиперка и на крајот лажица пченкарно брашно. Измешајте, па наредете го компирот врз копривата. Сето ова ставете го малку да се потпече во рерна.