Потребни состојки:
220 г крем сирење
1/2 чаша шеќер во прав
1 чаша слатка павлака
1 лажичка екстракт од ванила
900 г сечкани јагоди
500 г боровинки
Начин на подготовка:
Во длабок сад со миксер изматете ги крем сирењето, шеќерот и ванилата, да станат кремасти. Во друг сад изматете ја слатката павлака, потоа префрлете ја во садот со изматеното крем сирење и измешајте со миксер на најниска брзина да се изедначат. Додајте ги јагодите и боровинките, измешајте и десертот сервирајте го во садови. Декорирајте го кокос и послужете го веднаш.