(Фото) Стотина алпинисти минуваат покрај мртовец кој виси на карпа на Монт Еверест

Кандскиот авантурист Елија Сајкали додека се качувал на планинскиот врв Монт Еверест успеал да направи фотографија од замрзнат маж на патеката кон врвот на Хималаите.

Деновиве светските медиуми пишуваат за  големиот метеж на највисокиот врв во светот, откако 11 планинари загинале во период од девет дена. На сликата се гледаат мртвите алпинисти кои со јажиња биле врзани за патеката што води до самиот врв на Хималаите.

„Овој кутар човек виси 2.130 метри над таканаречената Долина на тишината. Сите можат да го видат. Ваквата слика потсетува  дека смртта секогаш може да нè чека зад кривината. Дали ова е ‘сонот за Еверест’ што го замислувавме“, напишал Сајкали.

„Минавме покрај 60 луѓе во текот на ноќта и стигнавме до врвот по изгревањето на сонцето. Температурата беше под нулата, а нивото на кислород многу ниско. Сонцето го осветлуваше патот кон врвот и тогаш го видов замрзнатиот човек. Иако ми беше жал за него и неговото семејство, знаев дека морам да продолжам понатаму. На 900 метри над нивото на морето, немаш друг избор. Кој е тука одговорен? Поединци, компанија? Владата? Што е решението?“, прашува канадскиот планинар.

Поради новонастанатата ситуација, властите во Непал се под силен удар на светската јавност. Официјалните лица во Непал ги отфрлиле обвинувањата дека е зголемен бројот на жртви на Монт Еерест, вклучувајќи го и преголемиот метеж, односно преголемиот број  планинари на врвот.

 

View this post on Instagram

 

What’s next for us? The Lhotse Face and Camp 3. . Thousands of feet of sheer vertical ice, Lhotse is the gateway to Mt. Everest on the South Side in Nepal. Just a few weeks ago, the face was crystal smooth. Thanks to Madison Mountaineering and the Sherpa fixing team, safety ascent and descent lines have been installed to assist everyone accessing the upper part of the mountain all the way to the summit. . In this photo you can see the Yellow Band and the Geneva Spur. Two iconic obstacles we must overcome to reach the South Col of Mt. Everest. . Today, we sit at camp 2, monitoring the wind and weather patterns, ready to move or hold back, all pending the weather forecasts. . Summiting Everest comes down to a number of factors, some you can control others you cannot. Timing your ascent to coincide with the right weather window is everything. You can have done everything right and if you get this detail wrong it will shut your entire operation down, force you back and abandon your dream. . You make choices every day. The culmination of your choices lead you to success or failure. The choice of your Everest logistical outfitter IS the key to your success. In our case, I’m incredibly confident in @madisonmtng and the entire Nepalese team that makes the magic happen behind the scenes. . I’ll do my best to keep you all updated as we get closer to the top of the world. . . . #Everest #Mountaineering #summit #Everest2019 #adventure #travel #nature #photography #explore #wanderlust #EarthCapture #instagood #mountains #travelphotography #beautiful #sky #travelgram #hiking #outdoors #naturephotography #winter #sunset #instatravel #trip #timelapse #astrophotography #night #RemeberingDad

A post shared by Elia Saikaly (@eliasaikaly) on

Директорот на одделението за туризам, Данд Рас Гимир, изјавил дека е потребно да се согледаат и други аспекти, како што се лошите временски услови. Фотографијата на Нирмал покажала колка метеж се прави на ова место.

До сега на Монт Еверест загинале  повеќе од 300 алпинисти, а од нив околу 200 најверојатно засекогаш ќе останат на висина над 8.000 метри, замрзнати.

Но кога ќе ги погледнеш, раскажуваат алпинистите, изгледаат како да се живи. Едноставно, како да спијат. Еден од загинатите чие тело е некаде под врвот е на Димитар Илиевски Мурато, првиот Македонец кој го освои хималајскиот врв во 1989 година.

https://reporter.mk/gjuture/mont-everest-masovna-grobnitsa-na-200-smrznati-alpinisti-megu-niv-i-makedonets/

Scroll to Top