„Хуавеи“ ја даде американската влада на суд

Главниот правен застапник на кинеската компанија „Хуавеи“, Сонг Љупинг, на конференција за новинари изјавил дека компанијата поднела барање до судот да донесе пресуда за тоа дали е во согласност со уставот САД да ја применат одредбата за воена потрошувачка.

Љупинг изјавил дека во барањето е наведено да нема одлагање на расправата. Кинескиот технолошки гигант „Хуавеи“ постапката ја покрена пред американскиот суд, оспорувајќи ја уставноста на законот за ограничување на продажбата на кинеската телекомуникациска опрема.

„Оваа одлука се заканува дека ќе ги погоди нашите клиенти кои ги имаме во преку 170 земји. Имаме повеќе од три милијарди корисници, кои користат производи и услуги на ‘Хуавеи’ ширум светот“, изјавил Сонг.

„Хуавеи“ е најголемиот производител на мрежна опрема и се бори да го задржи пристапот на главните пазари за комуникациска опрема и на наредните генерации. Проблемот го направија САД, чија влада ја стави кинеската компанија на црната листа тврдејќи дека претставува закана по меѓународната сајбер-безбедност.

Сонг навел дека кампањата што ја води САД, против „Хуавеи“ нема да ја подобри сајбер-безбедноста.

„Политичарите во САД ја користат силата на цела една нација, за да турнат една приватна компанија. Тоа не е нормално“, изјавил Сонг.

Барањето за донесување пресуда без одржување  расправа има за цел да ги забрза судските процедури и на купците во САД им овозможи колку е можно побрзо пристап до опремата на „Хуавеи“. Сонг додал дека САД не приложиле никакви докази кои би покажале дека „Хуавеи“ претставува безбедносна закана.

„Нема пиштол, нема дим, само шпекулации“, изјавил Сонг, обвинувајќи ги САД дека направиле опасен преседан.

„Денес тоа се телекомуникациите и ‘Хуавеи’. Утре би можела да биде вашата индустрија, вашата компанија, вашите потрошувачи“, заклучил Сонг.

 

Scroll to Top