Потребни состојки:
500 гр готови кори
500 гр грав
1 кромид
3-4 лажици маслиново масло
1 лажица мешан сув зачин
сол
црн бибер по вкус
Начин на подготовка:
Гравот се вари густо со кромидот и маслиновото масло се вари. Пред крај се додаваат зачините. Тавата за печење убаво се намастува и се ставаат по 3-4 кори. Корите се премачкуваат со масло, па врз секоја трета кора се става од варениот грав. Гравот се става со лажица, така што се ставаат зрна и многу малку од водата, колку да се натопи кората. Најгорната кора се премачкува со масло, па питата се боцка со нож за гравот убаво се испече. Питата се пече во загреана рерна околу 1 час.