Потребни остојки:
360 грама брашно
2 1/2 лажички прашок за пециво
1 лажичка сол
1/4 лажичка црн пипер
220 милилитри полномасно млеко
1 поголемо јајце
2 лажички масло
130 грама рендани тиквички
100 грама рендано чедар сирење
1 праз (ситно сечкан)
1 лажичка мајчина душичка
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени и подмачкајте го калапот за мафини. Измешајте ги брашното, прашокот за пециво, сол и црн пипер во поголема сад, па ставете го на страна. Изматете го јајцето, додадете го млекото и маслото, измешајте, а потоа соединете ги сувите состојки и повторно се измешајте. Потоа додадете ги тиквичките, чедарот, празот и мајчината душичка, и полека измешајте. Истурете ја смесата во калапот за мафини и печете 30-35 минути. Оставете ги мафиите да се изладат неколку минути, па послужете ги.