Потребни состојки:
2 црни патлиџани
300 мл неутрална павлака за готвење
маслиново масло
сол
млад лук
Начин на подготовка:
Измијте ги модрите патлиџани и исечете ги на кругови. Наредете ги круговите на решетката во рерната обложена со хартија за печење и ставете ги да се потпечат. Откако ќе се запечат, половината ставете ги на дното на огноотпорен сад, посолете ги и и прелијте ги со маслиново масло и со исечкан лук. Врз нив наредете ги и другите парчиња модар патлиџан, па посолете ги, попрскајте маслиново масло и додајте го лукот. Прелијте ги со павлаката за готвење и ставете да се потпече. Послужете ги топли.