Оригинален рецепт за мохито

Потребни состојки:

50мл бел рум
2 лажички шеќер
1 зелен лимон
10 ливчиња нане
мраз
газирана вода

Начин на подготовка:

Ставете ги во висока чаша ливчињата од нане и зелениот лимон исечен на 4 парчиња. Додајте го шеќерот и со толчник почнете да ги гмечите состојките за аромата од нането да се спои со аромата од лимонот. Наполнете ја чашата со мраз и потоа додајте ги румот и газираната вода. Послужете го веднаш.

Scroll to Top