Мусака со пилешко и зеленчук

Потребни состојки:

300 гр бело месо
1 тиквица
1 морков
1 брокула
3 лажици кисела павлака
100 гр гауда кашкавал
соја сос
маслиново масло
сол
бибер

Начин на подготовка:

Тиквиците исечкајте ги на кругови или ленти, посолете и оставете добро да се исцедат. Морковите исечете ги исто така, но не ги посолувајте. Месото исечкајте го на шницли, зачинете го и препржете го од двете страни. Брокулата обарете ја околу 2 минути во жешка вода. Намастете огноотпорен сад, па наредете ги прво тиквици, морковите врз нив ставете го месото, потоа брокулата и остатокот од морковите. Посипете со малку соја сос и печете десетина минути во загреана рерна. Извадете ја и додајте ја во мусаката смеса од павлаката и јајцата. Кога убаво ќе се запече, посипте со кашкавал.

Scroll to Top