„Дизни“ му забрани да го стави ликот на Спајдермен на гробот на неговиот син

На Лојд Џонс му е ускратена дозволата на надгробниот споменик на неговиот син, ја стави сликата од Спајдермен, неговиот омилен суперхерој од „Марвел“. Од компанијата велат дека сакаат да ја сочуваат „магијата“ за овој лик.

Синот на Лојд, Оли Џонс бил голем фан на „Марвел“. Минатата година момчето починало од ретко генетско пореметување. На Оли му бил приреден погреб со тема Спајдермен.

Коњите кои го влечеле неговиот мал ковчег, имале на себе црвени и сина балони. Момчето од Кент пателе две години од леукемија, а неговиот последен одмор бил во Дизниленд, каде го сретнал својот суперхерој.

Неговиот татко Лојд неодамна побарал дозвола на споменикот на својот син да стави слика од Спајдермен, која го потсетува на неговиот син. Од градската управа добил упатство дека за дозвола треба да ја контактира компанијата „Дизни“, во чија сосптвеност е „Марвел“ франшизата.

Од таму Лојд добил негативен одговор. Му објасниле дека сакаат да ја сочуваат „невиноста“ и „магијата“ на својот јунак кој им донел среќа на голем број на деца. Во мелјот тие го изразиле своето сочувство, но наместо дозвола, му понудиле личен рам, кој ќе ја прикажува сцената од „Спајдермен“ и на себе ќе има рачно испишана порака од Оли.

„Навистина ова не го очекував. Мислев дека сигуно ќе ми дозволат. Не ми е јасно зошто би ги одвојувале своите ликови од смртта. Ликовите умираат и во нивните филмови. Мислам дека сè e поврзано за парите“, изјавил Лојд, кој е татко на шест деца.

Неговата приказна во меѓувреме станала вирална. Неговите пријатели покренале петиција со која велат дека се надеваат дека ќе ги убдеат луѓето од „Дизни“ компанијата да се предомислат. Локалната каменорезачка фирма понудила да се избраоти споменик и да му се донира на семејството.

Џонсови се надеваат дека ваквото медиумско внимание сепак ќе допринесе на споменикот на Оли да се најде херојот, кој бил важен дел во неговото детство.

 

Scroll to Top