Состојки: 3 јајца, 200 милилитри јогурт, 100 грама путер, 200 грама издробено сирење, 200 грама пченкарно брашно, 100 грама бело брашно, 1 прашок за печиво, 100 кисела вода и малку сол.
Приготвување: Изматете ги јајцата, па додајте им сирење и јогурт. Добро измешајте ја смесата, па во неа наредете путер, а потоа додајте брашно и прашок за печиво. Ако смесата е премногу густа, додајте и малку кисела вода. Сето тоа префрлете го во калап за проја и печете го на 200 степени Целзиусови околу 20 минути.