Состојки: 4 тиквички, 100 грама тврдо сирење за рендање, 200 грама меко сирење, маслиново масло, магдонос, сушен босилок, сол и црн пипер.
Приготвување: Загрејте ја рерната на 180 степени, на плехот ставете хартија за печење. Измијте ги тиквичките, исушете ги и пресечете ги на половина во должина. Со лажица издлабете ги семките.
Во чинија измешајте меко сирење со сол, бибер и сушен босилок. Внимателно ставете ги тиквичките на хартијата за печење, наполнете ги со приготвената смеса, одозгора изрендајте тврдо сирење и прелејте ги со малку маслиново масло. Печете ги 15-20 минути, додека тиквичките не станат меки, а сирењето убаво се запече.
Наросете ги со свеж магдонос и послужете ги топли.