Повеќето луѓе имаат проблем да заспијат во лето. Топлото време и високите температури се честа причина за несоница. Но, постојат неколку трикови со кои ќе можете полесно да заспиете.
- Секогаш затворајте ги прозорците и затемнете ја собата преку ден за топлината да не навлезе во неа.
- Не јадете многу протеини бидејќи тие дополнително го загреваат организмот и го забрзуваат метаболизмот. Исто така, три часа пред спиење не е препорачливо да се јаде лута храна.
- Постелнината може да се стави неколку минути во замрзнувач, а покрај колената, зглобовите и лактите имајте шише со ладна вода.
- Секогаш вежбајте наутро, а не пред спиење.
- Измијте ги стапалата со ладна вода пред да си легнете.
- Држете ги стапалата над прекривката.