Потребни состојки:
750 гр зелени пиперки
4 црвени домати
1 модар патлиџан
1-2 чешниња лук
100 мл зејтин
сол по вкус
Начин на подготовка:
Пиперките се печат на рингла, а доматите и модриот патлиџан се потпекуваат во рерна. Откако ќе се испечат, оставете ги да се изладат во кеса, па излупете ги. Исечкајте ги ситно или истолчете ги со толчник во дрвен сад. На крај додајте го сечканиот лук. Измешајте убаво, па посолете по вкус. Зејтинот убаво загрејте го и со жешкиот зејтин попарете го пинџурот.