Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, упати еден куп навреди на сметка на неговиот француски колега Емануел Макрон и неговата сопруга Бриџит. Во серијата навреди се приклучи и еден од министрите на Бразил, нарекувајќи го Макрон опортунистички кретен.
Вербалните напади означуваат нова ескалација на тензиите меѓу Бразил и Париз, предизвикани од францускиот притисок на Болсонар да почне да го гаси огромниот пожар во Амазонија, кој со право се нарекуваат белите дробови на планетата.
Болсонаро на „Фејсбук“ ја коментирал фотографијата на Бриџит Макрон и се потсмевал на нејзиниот изглед, споредувајќи ја со својата сопруга Мишел. Тој постирал фотографија од Бриџит со коментар:
„Дали сега разбирате зошто Макрон го прогонува Болсонар? Се обложувам дека е љубоморен“, напишал Болсонар.
„Макрон не е на ниво да дебатира за Амазонија. Тој е само опуртинистички кретен кој сака поддршка од француското земјоделско лоби“, навел министерот Абрахам Вајнтрауб.
Министерот Вајнтрауб употребил португалски збор, кој ни оддалеку не делува дипломатски, нарекувајќи го Макрон кретен, збор кој може да означи „измамник“ или некој друга пцост.
Во низата твитови Вајнтрауб навел дека Французите избрале претседател без карактер. Синот на бразилскиот претседател Едуардо, кој наскоро би можел да стане новиот амбасадор на Бразил во САД, споделил снимка од насилните демонстрации на „жолтите елеци“, со порака дека Макрон е идиот.
Ситуацијата во Амазонија ги вжешти француско-бразилските односи откако Болсонеро, кој важи за екстремен десничар, дојде на власт во Бразил.
Тој на крајот на јули предизвика дипломатски конфликт, кога го откажа состанокот со шефот на француската дипломатија. Наместо на состанок, Болсонаро заминал да се потстриже, а од фризерницата објавил и видео.
Бразилскиот претседател во изминатите неколку дена, во врска со настаните кои се случуваат во Амазонија, го обвини Макрон дека има „колонијалистички менталитет“, додека францускиот лидер својот бразилски колега го обвини дека лажел за своите обврски по прашањето за животната средина и клима.
Болсонаро дозволил да се палат шумите во Амазонија, со цел да добие земјиште на кое ќе може да гради бизнис-центри и да присвои земјоделски површини.