Домашен бурек кој брзо се приготвува

1 пакување готови тенки кори
150 мл вода
50 мл масло
Сол по вкус
500 г сирење

Подготовка:

Водата, маслото и солта ставете на оган да зоврие. Првите две кори ставете ги во тепсија но така што краевите ќе висат надвор. Премачкајте ги со масло и вода. Така редете ги следните кори и секоја исто премачкувајте ја.

Потоа филувајте со сирење и повторно редете кори и секоја прелијте ја. Кога ќе се потрошат сите кори, тогаш оние првите две што висат преклопете ги одозгора. Печете на 220 степени околу 30 минути. Кога е печен бурекот превртете го наопаку и исечете го.

 

Scroll to Top