Девојче од Кина ќе настрадаше од невниманието на нејзината мајка. Додека Кинеска занесено пишува на мобилниот телефон, ќерка ѝ се лизна и падна од оградата во базен полн со риби, пишуваат светските медиуми.
Девојчето било спасено од полицаецот Тан Венчи кој бил во близина. Тој брзо реагирал ѝ го извлекол девојчето од водата. Мајката се обидела за момент да ја повлече ќерка си, а кога не успеа панично почна да вика по помош. За момент и таа проба да се качи на оградата за да влезе во базенот.
Настанот бил снимен од една од безбедносните камерите, а откако снимката се најде на интернет, многумина ја осудија жената за непримерно однесување.