(АУДИО) НАСА сними мистериозни звуци на Марс

Сондата на НАСА „Инсајт“ која е испратена на Марс во ноември минатата година снимила мистериозни звуци на Црвената планета. Звуците биле откриени уште во април, а од американската вселенска агенција објаснуваат дека повеќето звуци наликувале на земјотрес. За другите немаат објаснување од што би можело да бидат предизвикани.

Од НАСА велат дека некои од нив наликувале на звук кој го прави моторот на колата во моментите при гасење, но и подоцна кога се лади. Аудио-снимките на јавноста ѝ биле прикажани во вторникот, а на нив можеле да се слушнат првите сеизмички бранови снимени на Марс.

Сондата „Инсајт“ преку сеизометарот регистрирала повеќе од 100 настани, велат експертите во НАСА. Само 21 од нив наликувале на земјотрес. Другите можеле да бидат предизвикани од сè и сешто велат научниците.

Константиност Хараламбоус, од Империскиот колеџ во Лондон, вели дека тој работел на аудио-снимките ѝ дека бил возбуден кога имал можност за прв пат да ги слушне вибрациите испратени од сондата. Преку овие мистериозни тресења, научниците можат да дознаат повеќе за тоа како настанале карпестите планети, слични на Земјата.

„Досега тимот експерти кои ги имаме проучено снимките и кои веќе подолго време се занимаваме со проучувањето на планетата Марс, откривме дека површината на Марс повеќе наликува на онаа на Месечината. Тамошните звуци од сеизмичките бранови се слични како и на Месечината и можат да траат од минута до две“, вели Хараламбос.

За разлика од оваа мисија, експертите во НАСА велат втората мисија на „Инсајт“ не иде така глатко. На „Црвената планета“ има испратено и дупчалка, направена од германски експерти. Таа треба да направи дупка длабока пет метри под површината. Досега се ископани само 30 сантиметри. Од НАСА засега не знаат во што е проблемот.

Снимката можете да ја слушнете на следниот линк:

 

Scroll to Top