Во село во САД со фрлање на паричка ќе се бира претседателот на месната заедница. Изборот за прв човек на Магнолија, мало село во сојузната дражва Охајо, стана неизвесно затоа што резултатите меѓу двајцата најсериозни кандидати беа израмнети. Травис Бојд и Грант Даунс добија по 127 гласови од бирачите.
Кој од нив двајца ќе ја добие посакуваната должност, ќе пресуди со фрлањето на паричка, кога резултатот од изборите и официјално ќе биде потврден. Ова е веќе втор пат како ќе се бира претседател со паричка. Претходно во 1979 година, на овој начин бил избран Роберт Лич.
Од тогаш во изминатите 40 години, тој победил на девет избори без никаков противкандидат. Оваа година тој одлучи да се повлече и побарал негов реизбор.
Се верува дека со паричка „Сребрен мировен долар“ од 1923 година, ќе се одлучува новиот победник. Магнолија се наоѓа на стотина километри јужно од Кливленд и во него живеат околу 960 жители.