Филипинскиот претседател Родриго Дутерте упати апел до граѓаните слободно да ги тепаат или да ги застрелаат корумпираните политичари. Дутерте им вети на сите имунитет кој ќе решат да застрелаат некој бирократ за кој се сигурни дека го виделе како зема мито.
„Ако плаќате данок, или вадите некаков документ, а официјалното лице или службеникот ви побара поткуп, можете слободно да го удрите или да го застрелате. Немојте да го убиете само, затоа што во тој случај нема да добиете помилување“, изјавил Дутерте.
Претседателот порача дека малите подароци кои се дадени во знак на благодарност, нема да претставуваат мито.
Филипинскиот претседател е познат по невкусните изјави и радикални мерки, но и по тоа дека држи до безмилосните планови кои ги најавува, како што е случај и со бopбата против дpoгата, или начинот на кој се справува со конфискуваните автомобили.