Орландо Блум ќе го позајми гласот на принцот Хари во цртаната пародија „Принцот“. Оваа серија ќе раскажува за животот на 6-годишниот принц Џорџ, внукот на Хари, инаку најстарото дете на Вилијам и Кејт. Проектот е инспириран од инстаграм-профилот на американскиот писател и продуцент Гери Џенети, кој се фокусира на младиот монарх.
Страницата на Гери на социјалните медиуми е исполнета со слики од Џорџ како фрла играчки врз своите брат и сестра, принцезата Шарлот и принцот Луис, приказни за неговиот чичко Хари и Меган Маркл, но и нивниот осуммесечен син Арчи и други членови на семејството, вклучувајќи ја и кралицата Елизабета.
Серијата ќе се емитува на „Ејч-би-о макс“, а Гери, освен што ќе ја напише и продуцира серијата, ќе му го позајми гласот на Џорџ.
Освен Орландо и Гери, гласовите ќе ги позајмат и Ајван Раон како принцот Вилијам, Луси Панч како Кејт Мидлтон, а Кондола Рашад ќе го позајми гласот на Меган Маркл.