Повеќе од десет скулптури на Салвадор Дали се украдени од галеријата „Кулер„ во центарот на Стокхолм, пренесува ТАСС. Алармот во галеријата се активирал малку по 4 часот утринава, откако била искршен излогот на влезната врата.
„Украдени се 10-12 скулптури, но сè уште е тешко да се каже колку ѕочно недостасуваат. Скршен сум, толку долго работев на оваа изложба“, изјави сопственикот на галеријата Педер Енстром.
Делата на Дали во галеријата биле десетина дена, а изложбата треба да биде затворена в сабота.
Вредноста на бронзените фигури се проценува на стотици илјади долари. Секоја од скулптурите на Дали се проценува од 21.000 до 52.000 долари. Фигурите се со големина од 50-тина сантиметри.
Полицијата веднаш почна истрага и според првичните сознанија во галеријата влегле најмалку две лица, кои по грабежот веднаш избегале со автомобил.