Во Стокхолм украдени повеќе од 10 скулптури на Салвадор Дали

Повеќе од десет скулптури на Салвадор Дали се украдени од галеријата „Кулер„ во центарот на Стокхолм, пренесува ТАСС. Алармот во галеријата се активирал малку по 4 часот утринава, откако била искршен излогот на влезната врата.

„Украдени се 10-12 скулптури, но сè  уште е тешко да се каже колку ѕочно недостасуваат. Скршен сум, толку долго работев на оваа изложба“, изјави сопственикот на галеријата Педер Енстром.
Делата на Дали во галеријата биле десетина дена, а изложбата треба да биде затворена в сабота.

Вредноста на бронзените фигури се проценува на стотици илјади долари. Секоја од скулптурите на Дали се проценува од 21.000 до 52.000 долари. Фигурите се со големина од 50-тина сантиметри.

Полицијата веднаш почна истрага и според првичните сознанија во галеријата влегле најмалку две лица, кои по грабежот веднаш избегале со автомобил.

Scroll to Top