На годинашното 92. издание на „Оскар“, академијата не му укажа признание на телевизиската ѕвезда Лук Пери. Името на глумецот кој имаше богата кариера и кој беше најпознат по улогата на Дилан во серијата „Беверли Хилс“ не се најде меѓу имињата на великаните како Коби Брајант, Дорси Деј, Питер Фонда, Кирк Даглас, Тери Џонс и други.
Академијата секоја година има обичај за време на доделувањето на наградите да се потсети на глумците, режисерите и останатите филмски работници кои починале претходната година.
Лук Пери почина на 4 март минатата година од мозочен удар. Последните моменти тој ги мина со своето семејство и пријатели. Покрај „Беверли Хилс“, Лук Пери глумеше и во серијата Riverdale, како и филмовите „Петтиот елемент“ и „Осум секунди“. Една од последните улоги му беше во филмот на Тарантино „Си било еднаш во Холивуд“, филм кој беше номиниран и за „Оскар“.