Twingo Cup по успешната прва сезона во 2020 година повторно ќе биде во центарот на вниманието на љубителите на високите октани во Македонија. Новата натпреварувачка сезона стартува овој викенд (22 и 23 февруари) и тоа на патеката „Гробник“ во Хрватска.
Осум македонски натпреварувачи, ќе ги тестираат своите квалитети на интернационално ниво: Мартин Делев, Давид Малинковски, Ангелче Стојковски, Емил Нацка, Слободан Трајковски, Иван Стефановски, Владимир Треневски и Мартин Костовски.
На стартот на „Гробник“ ќе се појават дури 30 автомобили Twingo, бидејќи покрај нашите натпреварувачи учество ќе земат и натпреварувачи од Estet Twingo Cup и Italian Entry Cup.
Според првичната програма во сабота (22 февруари) ќе се одржат слободни тренинзи, квалификации и две спринт трки, додека во недела (23 февруари), исто така ќе има тренинзи, квалификации и четири часовна трка во издржливост.
За Renault Twingo CUP
Во натпреварувачкиот куп моделите Renault Twingo се унифицирани и специјално модифицирани од страна на Lema Racing Team со цел да ги има сите безбедносни и брзински карактеристики.
За овој куп планирани се 8 трки (4 кружни и 4 ридскобрдски) согласно официјалниот распоред на Автомобилистичката федерација.
На крајот од секоја сезона првите три места се одвоени парични награди додека пак на крајот од третата сезона како главна награда на купот е 100% електричното возило
Renault TWIZY.
Официјалните спонзори на купот се: Аутомотив Груп – официјален импортер на брендот Renault во С.Македонија, ПСС (Power Sport System) Триглав Осигурување, Шпаркасе Лизинг и компанијата Мотул.