Погача со лук

Потребни состојки:

200 мл млеко
20 г квасец
коцка путер
1 лажичка шеќер
малку сол
100 мл млака вода
430 г брашно

Прелив
100 мл вода
50 мл маслиново масло
3 чешниња лук
сол
сечкан магдонос

Начин на подготовка:

Во млака вода истопете го квасецот и измешајте со шеќерот. Стасаниот квасец истурете го во брашното, додајте путер и млеко. Замесете мазно тесто. Оставете да стасува половина час. Потоа префрлете го тестото на работна површина намачкана со малку масло. Формирајте тенка ролна и исечете на помалечки парчиња. Од секое формирајте малечко топче. Тавата за печење покријте ја со хартија за печење па наредете ги топчињата. Покријте и оставете да стасува 20 минути. Намачкајте со жолчка и наросете со крупна сол. Печете околу 40 минути на 180 степени. Во чинија истурете 100 мл вода, 50 мл маслиново масло, издробен лук и сечкан магдонос. Сè измешајте. Печената погача полијте ја со смесата со лукот, па послужте ја.

Scroll to Top