Сателитските снимки кои ги направи американската вселенска агенција НАСА, над Кина, покажале драматиечн пад на нивото на загадување во земјата. Ваквата промена се должи на привременото забавување на економијата, предизвикано од коронавирусот, велат експертите од НАСА.
Мапата која ја направие тие, покажува дека нивото на азот-диоксид e опаднат во споредба со истиот период во 2019 година. Ова е последица на рекордните падови во кинеската фабричка активност, во обидите да се спречи ширењето на новиот коронавирус кој зарази повеќе од 80.000 луѓе.
Вирусот се прошири во повеќе од 50 земји, но големиот број заразени и починати се од Кина, од каде вирусот почна да се шири на крајот на минатата година.
Научниците на НАСА изјавиле дека намалувањето на нивото на азот диоксид – штетниот гас кој го емитуваат моторните возила и индустриските постројки, прво било забележано во близина на изворот на епидемијата, градот Вухан, а потоа се проширило низ целата земја.
Вселенската агенција забележала дека падот на нивото на загадување на воздухот се движи паралелно со ограничувањето на превозот и деловните активности, откако милион луѓе беа задржани во карантин, односно изолација.
„Ова е првпат да видам така драматично спуштање на така широко подрачје поради одреден настан“, изјавил Феи Лиу, истражувачот на квалитетот на воздухот од Националниот центар за вселенски летови „Годард“.
Лиу додала дека забележала пад на нивото на азот диоксид и за време на економската рецесија во 2008 година, но таа објаснила дека тогашното намалување се одвивало постепено.
НАСА напоменала дека прославата на лунарната Нова година во Кина, на крајот на јануари и почетокот на февруари се поврзани исто така со намалувањето на загадувањето и претходно. Но, објасниле дека обично нивото се зголемува кога прославите ќе завршат.
„Оваа година стапката на намалување е позначителна отколку претходните години и трае подолго“, изјавила Лиу.
„Не сум изненадена од ова, затоа што многу градови ширум земјата превземаа мерки за да го намалат ширењето на вирусот“, завршила Лиу.