Америка има голем проблем со недостиг на шеќер, пишуваат светските медиуми. Залихи шеќер и оваа година се ниски, а од индустријата на храна и пијалоци се загрижени дека земјата во наредниот период може да остане без оваа намирница. Од таму велат дека владата мора да превземе нешто за да го зголеми увозот.
„Дефинитивно постои загриженост од страна на нашите членови“, изјавил Закари Декер, менаџерот за односи со владата од American Bakers Association.
„Другите индустрии можат да користат и нешто друго, како што е пченкарен сируп со висока содржина на фруктоза. Но, за печење и правење слатки, потребен ви е вистински шеќер“, изјавил Декер.
Проблемите почнале минатата есен кога силното невреме, опустоши неколку региони за производство на шеќер. Најголемиот дел од американскиот шеќер потекнува од шеќерните репи кои најмногу се одгледуваат на средниот запад во САД и шеќерната трка која се одгледува на југоистокот.
„Она што го имавме минатата есен беше низа на катастрофални временски неприлики во време на жетвата на шеќерната репа“, изјавил Џек Рони, директор за економска и политичка анализа во Американската алијанса за шеќер.
„Дури една третина од шеќерната трска остана неисчистена. Во меѓувреме, дојде до необичен удар од југоистокот на САД, по што посевите на шеќерната трка беа намалени. Исто така тоа беше необична случајност на лошо време во двете места“, изјавил Рони.
Се очекува дека американското производство на шеќер оваа година ќе биде намалено за 10%, спуштајќи се од девет на 8,2 милиони тони, според американското Министерство за земјоделие.
Дефицитот на снабдување веќе тоа го покажува. Два големи американски добавувачи на шеќер, вклучувајќи го и најголемиот национален добавувач, United Sugar Corp, веќе прогласија „виша сила“, што значи дека немаат доволно шеќер за оваа година ги исполнат сите свои договори поради непредвидливите околности.
Недостигот исто така ќе влијае на цената. Рафинираниот шеќер обично чини околу 30 цени по килограм, вели порпаролот на Здружението на корисници на засладувачи. Сега цената се доближи до 50 центи за фунта.
За да се исправи недостигот, американската индустрија оваа година ќе треба повеќе да увезува шеќер од светскиот пазар. Но, тоа не е едноставно. USDA строго ја контролира количината на шеќер која може да ја увезе САД, како начин да ја зголеми цената за произведувачите.
Тоа се постигнува со одржување на високите тарифи на увозен шеќер. Секоја година агенцијата го пресметува износот кој е потребен за разни корисници на шеќер, а потоа ја одзема количината на производство од страна на американските земјоделци. Потоа дозволува увоз без царина.
Според Северноамериканскиот договор за слободна трговија, Мексико има првенство да ги дополни американските потреби. Ако Мексико нема доволно, USDA може да отвори безцаринска квота за другите земји, изјавил Рони.
Мексико почнува со бербата, но прерано е да се предвиди дали и неговиот род ќе биде намален поради сушата за време на вегетациските сезони, изјавил Рони.
„Единствената тензија тука е дека корисниците на шеќер сакаат што побрзо да отворат увоз“, изјавил Рони.
„Произведувачите се со мислење дека треба да го зголемиме увозот, но не можеме тоа да го направиме прерано и не смееме да претераме“, објаснил Рони.
Неколку американски сенатори минатата недела испратиле писмо до USDA, барајќи од агенцијата веднаш да постапи за да ги зголеми безцаринските квоти за шеќер од другите земји, за да ги осигура американските корисници со непрекинато снабдување на шеќер.
„Не можете да чекате додека не се потроши целиот шеќер“, изјавил Ли Сандерс, постариот потпретседател за односи со јавност и јавни работи, на Американската асоцијација на пекари.
„Ако пекарите останат без шеќер, ќе мора да прекинато со производството“, вели Ли.