Потребни состојки:
2 конзерви туна во парчиња
100 г маринирани шампињони
100 г несолени печени кикирики
500 г посна ситна тестенина
400 г посен мајонез
5-6 кисели краставички
сол
Начин на подготовка:
Тестенините сварете ги и убаво исцедете ги, па ставете ги во поголем сад. Туната исцедете ја, иситнете ја. Исечкајте ги на ситно и краставичките и шампињоните, додајте кикирики, сол по вкус и со мајонезот поврзете ја салатата.