Потребни состојки:
600 г конзервиран црвен грав
150 г пченка од конзерва
3-4 главици кромид
5-6 црвени пиперки
сол, оцет, бибер, масло по вкус
Начин на подготовка:
Кромидот исечкајте го и додајте сол, бибер, оцет и масло, па испасирајте. Во тоа додајте ги пиперките сечени на коцки, гравот и пченката (исцедени и измиени), па лесно измешајте. Салатата можете да ја правите и со печени пиперки.