Губењето на чувството за мирис е најголемиот симптом на коронавирусот, сметаат научниците од Кралскиот колеџ во Лондон. Според резултатите кои ги добиле од студијата, губитокот на способност за мирис, бил забележан кај речиси 60% од пациентите, кај кои било утврдено дека се позитивни на „Ковид-19“.
„Според нашите податоци, а во комбинација со другите симптоми, кај лицата кој ќе го изгубат чувството на мирис, веројатноста дека се заболени од „Ковид-19“ е трипати поголема, па затоа потребно е таквите лица да се самоизолираат седум дена, за да го намалат ширењето на заразата“, вели професорот Тим Спектор.
Оваа студија им покажала на научниците дека губењето на чувството на мирис, го става како најизразен симптом, на инфицираниот вирус, пред високата температура. Научниците во понатамошното истражување направиле модел преку кој може да се одредат, на основа на кои комбинации на симптоми, луѓето се заразени со коронавирус.
Внимавајте на очите
Како што е наведено, лицата кои се инфицирани со „Ковид-19“ ја губат способноста да го препознаат вирусот, навеле научниците во своето соопштение на крајот на март.
Истовремено, според мислењето на експертите од Британското здружение за оториноларингологија, овој симптом може да биде знак за зараза на некои друг тип на вирус, а не само SARS-CoV-20.
Научниците советуваат дека внимание треба да се обрне и на очите. Американските научници појасниле дека иритацијата на очите е неријатно чувство и може да биде знак на воспалителен процес во организамот, предизвикан од коронавирусот.