Мексиканскиот градоначалник, Обеда Дурон Гомез, бил убиен од страна на нарко-банди, затоа што превземал мерки против коронавирусот. Гомез ги блокирал сите патишта до својот град Махахуала за да го спречи ширењето на коронавирусот. Тој бил убиен додека патувал во јужната мексиканска држава Кинтана Ро.
Гомез патувал во бел минибус со уште неколку патника, кога друго возило ги пресретнало на патот и отворило оган на нив. Гомез бил однесен во болница каде бил опериран. Набргу потоа им подлегнал на повредите. Напаѓачите побегнале, а истражителите на местото на злосторот пронашле 20 истрошени патрони огнено оружје.
Било најдено и возилото од кое бил извршен нападот. Гомез добил закани од криминалните банди кои откако градот Махахуала бил затворен и сите патишта биле блокирани, не можеле да ги превземат пратките со дрога.
Тамошните медиуми пренесуваат дека локалните жители често преживувале така што ги земале пакетите со кокаин, кои трговците на дрога често ги фрлале од авион на карипското крајбрежје.
Колумбиските трговци на дрога наводно ги користат авионите за фрлање на дрогата во морето, па ги собираат со чамци, но понекогаш бродовите не се доволни брзи, па дрогата често стигнува до плажите, од каде мештаните ги земаат, а потоа и продаваат.
Сеуште се истражува убиството на градоначалникот Гомез и се утврдуваат околностите.
Fue asesinado Obed Durón Gómez, alcalde de Mahahual, #QuintanaRoo en una emboscada en la comunidad de Xcalak; había recibido amenazas de grupos criminales por cerrar el acceso a la playa, lugar utilizado por narcos para recibir droga #AzucenaxMilenio pic.twitter.com/scExdecJVO
— Azucena Uresti (@azucenau) April 8, 2020