Том Круз и НАСА ќе го снимаат првиот филм во вселената

Том Круз и НАСА ќе го имаат првиот филмски проект во вселената. Веста ја потврди и Американската вселенска агенција, како и дека се во тек преговорите со Круз за снимање филм.

„НАСА е возбудена од можноста да работи со Круз на филм што би се снимал на Меѓународната вселенска станица.  Ни требаат популарни медиуми за да инспирираме нова генерација научници и инженери, кои би ги претвориле нашите амбициозни планови во реалност“, напиша  на Твитер првиот човек на НАСА, Џим Брајденстин .

Оваа вест следеше откако сајтот „Дедлајн“ објави дека Круз соработува со Илон Маск и неговата компанија „Спејс-Екс“.  Пандемијата на коронавирусот му наруши два проекта на Круз, откако премиерата на „Топ ган: Маверик“ беше одложена за јуни, а снимањето на „Невозможна мисија 7“ беше прекинато уште во февруари.

Scroll to Top