Славната „Маракана“ се трансформира во болница

Еден од најпознатите стадиони на светот, „Маракана“ во Рио де Жанеиро, привремено ќе биде пренаменет за болните од коронавирус. На стадионот кој привремено ќе стане болница, ќе можат да се наместат 400 болнички кревети наредниот викенд, пренесува „Би-би-Си“.

Уште две слични болници наскоро ќе бидат отворени во Рио, вклучувајќи ја и онаа во Олимпискиот парк. Бразил, за речиси 150.000 заболени и повеќе од 10.000 починати, има една од најголемите стапки на инфекција на коронавирус во светот.

 

Scroll to Top