Италијанката Силвија Романо деновиве е главна тема во сите италијански медиуми. Таа конечно беше ослободена, откако претходно беше држена како заложник повеќе од година ипол дена. Силвија беше киднапирана во Кенија, а во својата татковина се врати покриена со зелен вел, традционалната муслиманска облека.
Силвија изјави дека доброволно и без никаков притисок одлучила да ја промени верата и своето име. Сега таа се вика Ајша. На социјалните мрежи се редат бројни коментари од оние кои сметаат дека исламот е ирелевантен и дека најважно е тоа што Силвија конечно е спасена.
Има и такви кои се закануваат, а меѓу нив има и познати личности, како што е познатиот критичар на уметноста, Виторија Сгарби, кој побарал од властите јавно, да ја уапсат Силвија.
Силвија беше дочекана на аеродромот од страна на италијанскиот премиер Џузепе Конте и министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо. На аеродромот ја дочекаа голем број граѓани ширум Италија, со транспаренти закачени на прозорите и балконите.
Во квартовите во Милано, каде живеат родителите на Силвија, соседите приредија забави. Силвија четири часа разговарала со агентите и службите за безбедност и им ги објаснила деталите од времето додека била држена како заложник. Она што ги подели чувствата меѓу Италијаните е признанието на Силвија дека ја променила верата.
Таа призна дека додека била во заложништво, доброволно го прифатила исламот. Девојката прво била киднапирана од мала криминална група, која потоа ја продала на познатата група на џихадисти, Ал Шабаб. Џихадистите преговарале со италијанските власти за нејзиното ослободување и откупот.
Во италијанските медиуми се шпекулира дека за Силвија да биде ослободена, на џихадистите им биле дадени 4 милиони евра.