Канадскиот музичар Брајан Адамс ги шокираше своите фанови, со последната изјава на „Твитер“, за коронавирусот, која многумина ја протолкуваа за расистичка. Адамс за ширењето на пандемијата ги обвини луѓето од пазарите кои продаваат и јадат лилјаци, нарекувајќи ги гадови.
Кога ги видел коментарите, Адамс ја избришал објавата на „Твитер“, но заборавил дека истиот текст го објавил и на „Инстаграм“, пренесуваат светските медиуми.
Актуелната ситуација со пандемијата со коронавирусот, го налути музичарот, затоа што не може да продолжи со својата турнеја, па бесот го прелеа на социјалните мрежи, но не очекуваше негативни одговори од пријателите.
„Денес требаше да продолжам со концертите, но поради проклетите гадови од морските пазари, кои јадат само лилјаци, целиот свет е во исчекување. Да не ги споменувам илјадниците кои боледуваат или починаа од вирусот“, е дел од текстот на Адамс, кој го објави со снимка на која тој свири на гитара и пее.
На тој начин Адам се обиде да го промовира веганството, затоа што и самиот вели дека одбива да јаде месо.
„Мојата порака за нив е, фала ви многу, станете вегани“, изјавил Брајан.
Музичарот не очекуваше дека овие апели, ќе му наштетат, затоа што во подоле му одговорија голем број на негови фанови, кои му коментираа дека поради ова не сакаат повеќе да ја слушаат неговата музика.
„По овие глупости, драго ми е што ти е откажана турнејата. Не можам повеќе да бидам твој обожавател. Тоа е расизам“, му напишаа фановите.