Потребни состојки:
2 чаши булгур (можете да го најдете во големите маркети)
2 чаши вода
1 варен и пасиран компир
1 јајце
2-3 лажици брашно
1/2 лажиче доматно пире
1/2 лажиче сол
1/2 лажиче бибер
Полнење
150-200гр мешано мелено месо
1 главица, мала сецкан кромид
1/2 лажиче доматно пире
сол, бибер, зачин, магдонос, масло
масло за пржење
Начин на подготовка:
Во сад го ставаме булгурот. Го налеваме со вода, убаво промешуваме и го оставаме на страна покриен со капак да набабри. За тоа време го подготвуваме полнењето. На загреано масло го запржуваме кромидот. Го додаваме меленото месо, зачините, пирето од домат и убаво пржиме да испари течноста. Со вилушка го размешуваме набабрениот булгур. Тука додаваме сол, бибер, доматно пире, јајце, пасиран компир и брашно. Размесуваме со рака убаво, околу 5-6 минути. Ако има потреба додаваме по некоја капка вода за да добиеме смеса како тесто. Така формираната смеса ја делиме на топчиња, малку поголеми од големина на јајце. Во еден сад ставаме 1-2 лажици масло за да ги намастуваме рацете. Правиме топче и од едната страна на топчето правиме дупка со прст. Средината ка полниме со 1-2 лажички фил. Го затвораме дупчето со прстите и топчето го формираме во елипсаста форма. Ќофтињата ги пржиме во загреано масло да заруменат. Ги редиме на хартиени салфети за да упие зејтинот.