Кинез, чиј идентите засега е непознат, останал запрепастен кога открил дека едно од неговите деца близнаци не е негово, пишува „Дејли Мејл“. Новопечениот татко ја дознал страшната вистина, кога отишол да го пријави штотуку роденото дете, нешто што во Кина вклучува и правење на ДНК тест.
Кинеските медиуми пренесуваат дека човекот останал запрепастен кога разбрал дека неговата жена го изневерила. Директорот во Центарот за форензичка идентификација, Денг Јунг, кој го направил тестот за татковство, изјавил дека шансите близнаците да имаат двајца биолошки татковци се 1 во однос на 10 милиони.
„За почеток, јајниците на мајката, тој месец мораат да произведат две јајца, место едно, за да може да се добијат близнаци“, вели Денг.
„Потоа жената мора да има секс со двајца мажи, во многу кратко рок, за да ова би можело да се оствари“, вели тој.
На крајот резултатите покажале дека децата имаат иста мајка, но не и ист татко.
Близнаците со различни татковци се многу ретка појава, позната како хетеропатерална суперфекција. Ова не е прв проблематичен случај забележан во Кина. Имало и претходно вакви случаи, кои завршувале во медиумите, поради обврзувачките ДНК тестови, јавува „Дејли Мејл“.