Потребни состојки:
100 гр брашно
50 мл вода
8 лажици шеќер
1 литар млеко
150 гр црно чоколадо (рендано)
150 гр бело чоколадо (рендано)
Начин на подготовка:
Брашното се меша со водата и постепено се додава млеко. Мешајте со жица за матење. Се додава и шеќерот, и се вари сето на тивок оган, со постојано мешање, додека не се згусне како пудинг. Потоа се дели на два дела. Во едниот дел ставаме бело чоколадо, а во другиот црно и матиме кратко со миксер, додека не се растопи. Од двете смеси ставаме истовремено во чашите, за да добиеме монте пудинг.