Потребни состојки:
400 гр компир
80 гр рендан пармезан
80 гр печеница
80 гр кашкавал
1 јајце
сол, бибер, лебни трошки
Начин на подготовка:
Ги вариме компирите, па откако ќе оладат, ги лупиме и рендаме. Во изренданиот компир се додава пармезанот, печеницата сечена на коцки и кашкавал сечкан на коцки. Зачинуваме со сол и бибер и од смесата правиме топчиња. Секое топче го валкаме во јајце, па во презла и топчињата ги редиме на хартија за печење. Врз нив напрскуваме масло, околу 2 лажици. Печеме на 180 степени додека да поруменат (околу 15 минути). Крокетите може да ги послужите како предјадење или додаток на ручекот.