Милијардерот Илон Маск почна да работи за американската војска и Пентагон. Неговата компанија „Спејс Икс“, постигна договор со американската војска за користење на неговите сателити, кои можеа да се видат и на небото над Балканот, за воени потреби.
Овие сателити, во ниската орбита, имаат намена да пренесуваат податоци за широкопојасен интернет и истите ќе бидат тестирани за да можат да бидат интегрирани во постоечкиот американски воен систем.
Тестирањето ќе трае во наредните три години, а ќе се испитува нивната способност за пренос на податоци во воени цели, објави „Спејсњуз“, повикувајќи се на независни извори.
Договорот, познат како Cooperative Research and Development Agreement (CRADA), кој е потпишан со фирмата на Маск, американската војска го потпиша со приватна компанија пред да ја купи нивната технологија.
Американската војска ќе испитува колку е можно интегрирањето на „Старлинг“ сателитот во воениот комуникационен систем и колку софтверот и хардверот на воената и технологијата на Маск, се компатибилни.
За да се користат сателитит на Маск, американската војска би морала да направи цел нов систем на земјени терминали, што не е евтино. Тестирањето кое е договорено, би требало да одговори колку би чинело прилагодувањето и дали податоците, кои сателитит на Маск ги испраќаат, се доволно безбедни.
Маск лансирал стотина сателити, а намерата му е во орбитата во наредните 10 години, да лансира 42.000. Оваа година Маск има намера да лансира 1400 сателити, по 60 на секои две недели, а до крајот на годината би требало да почнат да работат за клиенти од САД и Канада.