Инфлуенсерка од Русија, Марина Балмашева (35), се омажила за својот посвоен син Владимир (20). Марина, која во Русија се прославила поради нејзиниот процес на слабеење на „Инстаграм“, сега повторно ја шокираше јавноста со признанието дека се венчала со Владимир, кој имал само седум години кога го запознала.
Марина била омажена за таткото на Владимир, Алексеј (45). Двајцата биле 13 години во брак, пред да се разведат. Кога нивниот брак завршил, таа започнала врска со Владимир.
Руските медиуми пренесуваат дека Марина со поранешниот сопруг Алексеј посвоила пет деца и во моментов живее со Владимир и уште три деца кои ги има посвоено. Другите две деца живеат со нејзиниот поранешен сопруг.
„Не се чувствувам како стара жена која мора постојано да подготвува нешто по дома. Поради него се чувствувам младо и сум среќна“, изјавила Марина и додала дека не се плаши ако Владимир ја остави за некоја помлада.
Нивната врска веќе некое време ја тангира руската јавност, а Марина добила голем број критики, откако неодамна на „Инстаграм“ објавила заеднички фотографии со Владимир од времето кога била омажена за Алексеј.
На фотографиите Владимир имал само седум години.