Колач готов за две минути

СОСТОЈКИ:
2 лажички путер од кикирики
1 лажица кафеав шеќер
1 јајце
1 лажица брашно
1/4 лажичка прашок за печиво
1 лажица какао
1/2 лажичка екстракт од ванила
2 лажици чоколадни капки
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сите состојки ставете ги во сад и добро измешајте. Шолјата премачкајте ја со парчиња путер од внатрешната страна, па во неа ставете ја подготвената смеса за колач.

Колачот ставете го во микробранова на 60 секунди, па јадете директно од шолјата или префрлете го на чинија.

Scroll to Top