Сигурни Вивер навести дека ќе се снима продолжение од хит-серијалот и брилијантниот научно фантастичен филмов Alien („Осмиот патник“).
Таа во интервју за списанието „Емпајр“, откри дека прочитала текст на 50 страници од продуцентот на Волтер Хил, кој циркулира повеќе од една година, а во кој Вивер е во нова интеракција.
Првиот филм Вивер го сними пред 23 години, кога го глумеше главниот херој, ликот на Рипли, кој се бори со вонзмјани и суштества од друга планета.
Во филмовите поручникот Рипли, беше тело-домаќин на кралица вонземјанин (осми патник) која излегува од нејзиното торзо во иконската кулминација.
„Отсекогаш сум чувствувала дека ми е партнер,“ рече Сигурни за улогата што прв пат ја постави на мапата на популарноста. „Таа е секогаш во мојот стомак“.
Вивер во 1986 година беше номинирана за Оскар за нејзината улога како Рипли во брилијантното продолжение на Џејмс Камерон и до денес таа е единствена актерка што го привлече вниманието на Академијата за филм за жанрот научна фантастика хорор.