Српската фолк-пејачка Светлана Ражнатовиќ Цеца ги збуни фановите, по двата направени теста на коронавирусот, пишува српски Курир.
На едниот тест Цеца беше негативна, а потоа, по направениот втор тест се покажа дека пејачката е позитивна на Ковид-19.
Сега сите се прашуваат кој тест да го направат и како е можно едниот тест да има негативен, а другиот позитивен резултат.
Експертите велат дека постојат разни тестови за потврда на присуството на Ковид-19. Препораката на Светската здравствена организација, е дека најрелевантните тестови се PCR тестовите. Односно на пациентите за кои постои сомнеж дека се заразени, се зема бриз.
Овој тест по осум дена од моментот на заразувањето, може да докаже присуство на коронавирус. Од друга страна, постојат и серолошките тестови кои е прават со земање на крв.
Овие тестови можат да покажат присуство на антитела, дури две до три недели од почетокот на инфекцијата, а ако се направат порано, можат да бидат и лажно негативни. Затоа е најдобро за оние кои се сомневаат дека се заразени на Ковид-19, прво да направат PCR тест.
Подоцна истите тие нека направат и серолошки тест, со кој ќе потврдат и антителата на новиот коронавирус.
„PCR тестовите спаѓаат во таканаречените директни тестови за докажување на вирусот и тие се прават прво. Постојат и спот-брзи тестови, кои даваат резултати за неколку минути, но тие се прелиминарни, што значи дека нивниот резултат мора да биде потврден од друг тест“, објаснува вирусологот и доктор Нада Кулјиќ Капулиц.
Таа вели дека вториот дел од приказната се индиректните тестови или серолошките тестови за докажување на антитела. Тие се прават две до три недели по инфекцијата, кога кај повеќето луѓе веќе треба да се создадат антитела.
„Тие подоцна се прават, а примероците од крвта е потребно да помине некое време, најмалку две недели, за да бидат позитивни. На нив подоцна може да се утврди инфекцијата кај популацијата, нешто што и претходно го правев за првиот коронавирус, кога открив дека инфекцијата или процентот на луѓе кои имаат антитела на првиот коронавирус, биле околу 70 проценти. Според сегашните светски резултати, стапката на инфекција за новиот вирус на корона е само до десет проценти“, вели Капулиц.