Како што велат некои експерти, коронавирусот може да го прележите и на нозе, пишува „Спутник.рс“. Експертите велат дека постои можност некои лица да го прележале вирусот и во време кога епидемијата официјално не беше започната.
Доколку сте имале благи облици на некои од симптомите како што се очна инфекција или сува кашлица, веројатно вие успешно самите сте се избориле со овој вирус, пишува „Дејли мејл“.
Новото истражување покажало дека очната инфекција, како што е коњуктивитис, може да биде симптом на Ковид-19.
„Која било инфекција од горниот респираторен тракт може да резултира со вирални коњуктивнитис, како секундарна компликација, што е случајот со Ковид-19“, велат експертите.
Сепак тие додаваат дека мала е веројатноста да се случи заразена личност да има коњуктивитис, како еден симптом. Оние заразените веројатно имале и треска, сува кашлица или некои од другите симптоми.
Еден од најчестите и напрепознатливи симптоми на вирусот е токму сувата кашлица. Менталниот замор исто така се смета за еден од симптомите, иако тоа досега не е официјално потврдено. Сепак, некои од заразените пациенти го имаат пријавено тоа како симптом.
Температурата исто така се смета за симптом на Ковид-19. Тоа е најчестиот показател на вирусот. Исто така и потешкотиите во дишењето. Притисокот во градите и невозможноста длабоко да земете воздух се смета за симптом на опасниот вирус.
Губитокот на мирис и вкус исто така се сметаат за едни од симптомите на коронавирусот. Неодамна, британска Асоцијација за оториноларингологија предупреди дека губитокот на чувството за мирис и вкус може да биде симптом на коронавирусот.
Стомачните проблеми исто така претставуваат еден од знаците дека сте заразени со вирусот. Се утврдило дека кај 48,5% од вкупно 204 од заразените кои учествувале во студијата ја пријавиле дијареата како симптом.
Физичкиот замор исто така е еден од симптомите на Ковид-19. Заморот е уште еден од знаците кои се јавуваат за време на настинките, вирусот на грип, но и бројни други вируси.
Здравиот организам со силен имунитет е во состојба самиот да се избори со благите облици на овој вирус, а вие да не ни забележите дека сте го имале. Сепак, најдобро е во секој случај да се придржувате до сите мерки на заштита.
Извор/Спутник.рс