Кога Џон Кенеди беше застрелан во Далас на 22 ноември 1963 година, крвта се распрска по розовиот костим на „Шанел“ што го носеше неговата сопруга Џеки Кенеди. Но, многумина сметаат дека костумот на Џеки во себе крие тајна, зошто не е виден во јавноста оттогаш.
Тој ден таа одби да го соблече крвавиот костим. Го носеше цели 24 часа по атентатот на американскиот претседател, а беше облечена во него и кога на 23 ноември Линдон Џонсон даде заклетва за нов претседател на САД. На неа беа видливи траги од крвта на Кенеди.
„На тој начин сакав убиецот да види што му направи на Џон“, рече неколку години подоцна Џеки запрашана зошто не сакала да се преоблече.
Откако Џеки, конечно, го соблекла костимот, мајка ѝ го ставила во кутија, го напишала датумот 22 ноември 1963 година и го оставила на таванот во куќата каде што живееле. Приказната за розовиот костим падна во заборав кога Џеки се омажи за грчкиот сопственик на бродоградилиште, Аристотел Оназис.
Многу години подоцна, ќерката на Џон и Џеклин, Елизабет, ја пронашла кутијата со костимот на кој сè уште се наоѓаат трагите од крвта на татко ѝ. Таа во 2003 година, девет години по смртта на мајка ѝ, го донирала костимот во Националната архива. Таа имала и услов, дека познатиот костим на „Шанел“ во розова боја не смее да биде прикажан во јавноста сто години, односно до 2103 година.
Иако не се знаат причините зошто Елизабет Кенеди не сака костимот да се види во јавноста, дури и кога ќе поминат овие 100 години, идните членови на семејството Кенеди ќе може да ги преименуваат условите за чување на комплетот или да забранат тој да биде јавно изложен. Многумина тврдат дека популарниот розов костим се крие затоа што не е на „Шанел“, туку копија што ја направила модната куќа од Њујорк, „Чез нинон“.